ОСТУ „Наце Буѓони„ – Куманово и Центар за Развој на Североисточен Плански Регион го имплементира  проектот „Инклузија на млади со пречки во развој на пазарот на трудот во североисточен регион“ (Labor Market Inclusion of Socially Disadvantage Youth in the Northeast Region) финансиски подржан од Делегацијата на ЕУ – ИПА програма – компонента 4 – социјална инклузија.

Целни групи во проектот се млади лица изложени на ризик од социјално исклучување и живеат во североисточен регион на државата поточно во општините: Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово и Крива Паланка. Вклучени се 60 млади на возраст од 18 до 35год. и тоа од следниве категории: лица со физички хендикеп, поранешни корисници на дрога и алхохол, жртви на семејно насилство, млади престапници, млади кои го напуштиле предвремено училиштето, млади без родители и родителска грижа и сл.

Преку активности на проектот овие млади ќе се стекнат со вештини, капацитети и алатки потребни за успешно влегување на локалниот и националниот пазар на трудот. Ќе ги проследат следниве обуки:

1.            Обуки од машинска или електротехничка струка

2.            Зајакнување на психосоцијална доверба

3.            Кариерно советување

4.            Вештини за вработување

Во моментов се отпочнати курсевите за : Вработување, Психо-социјално и Кариерно советување кои се предвидени да траат до средината на ноември. Потоа следат 2,5 месеци обуки од машинска и електро струка, и на крајот 1 месечна пракса во локална фирма.

По завршувањете на обуките учесниците ке се здобијат со сертификати за завршените обуки кои ќе им помогнат за полесно вклучување на пазарот на трудот.